Морачанин: Собранието да го донесе Законот за спречување и заштита од дискриминација

Од:

Претседателката на ДОМ и координаторка на интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата Маја Морачанин, на покана на францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние, говореше за активностите кои групата ги презема за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето и нивна заштита од дискриминација, насилство, говор на омраза и стигматизирање.

„Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата дава активен придонес за развој на нашето општество како современо општество во кое се применуваат европските вредности на почитување на човековите права и слободи, принципите на толеранција, ненасилство и недискриминација по било кој основ, вклучително и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Затоа се залагаме Собранието на Република Македонија да го донесе Законот за спречување и заштита од дискриминација“, истакна Морачанин.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски