А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

„Монтанте груп“ ќе инвестира 10 милиони евра во фабрика во Бунарџик, најавени 100 работни места

by А1он25/07/2014 - 15:23141
Share0

Италијанската мултинационална компанија „Монтанте груп“ есенва ќе започне градба на фабрика во ТИРЗ Скопје 1 за производство на амортизери за возови, шински возила, автобуси и тешки возила. Првичната инвестиција ќе изнесува околу 10 милиони евра, а објектот во кој ќе се вработат 100 лица треба да биде готов најдоцна за една година од почетокот на градбата.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова денеска на прес-конференција го истакнаа сопственикот на Монтанте груп Антоанело Монтанте и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо.

Групацијата веќе регистрирала мешовита компанија во Македонија под името „Њуко“, а се предвидува по завршувањето на градбата да извезува производи во вредност од над 30 милиони евра од Македонија.

Компанијата веќе е во фаза на склучување на договори за две локации во ТИРЗ Скопје 1 на кои првично ќе се изгради еден објект, а во подоцнежната фаза, како што рече сопственикот Монтанте, се планира тројно па и четирократно зголемување на капацитетите.

Следете a1on на Youtube YouTube

Монтанте груп е мултинационална италијанска компанија со 2.300 вработени и годишен обрт од 800 милиони евра. Нејзиното седиште е во близина на Торино, Италија, а можностите за инвестирање во Македонија биле запознати на минатогодишното владино роуд-шоу во Италија.

– Не е тајна дека пред да дојдеме во Македонија бевме и во соседните држави, но Македонија ни понуди најдобри услови за инвестирање и затоа токму тука се одлучивме да ја отвориме нашата фабрика. Не станува збор за дислоцирање на постојна фабрика, туку во Македонија ќе градиме целосно нов капацитет, рече Монтанте.

Тој се заблагодари на премиерот Груевски и на неговиот економски тим за понудените услови и за заложбите за привлекување на странски инвестиции во Македонија.

makedonija

Би можело да ве интересира

Почина Бранко Радовановиќ – македонското новинарство загуби уште еден свој препознатлив лик

Предраг Петровиќ30/10/2026 - 21:55

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Предраг Петровиќ30/10/2026 - 20:20

Врховниот суд го врати случајот со Модуларната болница на повторно постапување и одлучување

Предраг Петровиќ30/10/2026 - 19:1330/10/2026 - 19:14

Скопското ОЈО ќе бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Скопје

Предраг Петровиќ30/10/2026 - 15:4830/10/2026 - 15:51

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Предраг Петровиќ29/10/2026 - 19:01

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Предраг Петровиќ29/10/2026 - 17:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео