Монети изложени во Музеј на град Скопје

Од:

Во Музејот на Град Скопје денеска беше отворена изложба на монети откриени на археолошкиот локалитет Градиште кај село Таор со наслов „Tauresium-монети од археолошки истражувања“. Раководител на истражувањата и автор на изложбата е Киро Ристов.

На изложбата се презентирани 427 монети, од вкупно 523 колку што се откриени со досегашните археолошки истражувања. Изложените монети го отсликуваат хронолошкиот распон од егзистирањето на населбата и ја дефинираат економската состојба на жителите во определени временски периоди.

Презентирани се во 20 витрини по хронолошки редослед од владеење на императорите и според нивната номинална вредност.

Би можело да ве интересира

Ново издание на месечните „Кино средби“ на Францускиот институт Скопје во Кинотеката

Македонските автори и книги пред светската издавачка јавност во Франкфурт

„Точка нула“ од Артем Чех во „Матица“: Кога пишувањето станува наредба

Јован Јосифовски е добитник на Наградата ДЕНЕС 2026

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг

Во Битола отворено јубилејното 35. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интрерфест“