МОН и годинава ќе продолжи со спроведување на проектот 35/45

Од:

Министерството за образование и наука и во наредната студиска година ќе продолжи со спроведување на проектот 35/45 со кој се овозможува дооформување на високото образование на мажите над 45 и жените над 35 години старост, кои поради било каква причина не биле во можност да се стекнат со високо образование.

– Годинава на четирите државни универзитети во Македонија предвидени се вкупно 810 места за возрасни студенти, претежно на техничките науки. Посебните критериуми и услови за запишување на овие студенти ги распишуваат самите високообразовни установи. Висината за кофинансирање на студентите е 200 евра во денарска противвредност и се однесува замо за запишување на вонредни студенти, рече министерот за образование и наука Спиро Ристовски на денешната прес-конференција.

Тој појасни дека е предвидено тоа да бидат лица на возраст од минимум 45 години за мажи, односно 35 години за жени со претходно завршено четиригодишно средно образование, кои имаат засновано работен однос на неопределено време или, пак, се невработени и се пријавуваат во Агенциајта за вработување најмалку пет години.

– Квотите се проектирани согласно со потребите на пазарот на трудот и бројот на евидентираните невработени лица кои имаат завршено одредена средна стручна спрема, со што им се дава можност да го дооформат своето високо образование во конкретна насока, рече Ристовски и додаде дека дооформувањето на високото образование е во согласност со концептот за доживотно учење.

Очекува оваа студентска година интересот за дооформување на виско образование да биде поголем од минатите кога квотата се користела само 40 до 50 отсто.

Имплементацијата на проектот 35/45 започна во студиската 2010/2011 година и во изминативе три години на високообразовните установи се запишани повеќе од 1.000 студенти.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска