Момче загина во сообраќајка на регионалниот пат Охрид – Свети Наум

Од:

Малолетник загина во сообраќајна несреќа што рано изутринава се случи на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, во близина на населбата Рача.

Според информациите од СВР – Охрид, незгодата се случила во 1.40 часот кога на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот „Парк“, мопед управуван од 16-годишник од Охрид, излетал од коловозот и удрил во метален столб.

Притоа малолетникот се здобил со тешки повреди и со возило на Службата за итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил и сопатникот, исто така 16-годишник од Охрид, кој е префрлен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски