Момче од Челопек искасано од шарпланинец на соседот

Од:

Петнаесет годишно момече од Челопек се здобило со повреди по главата и телото откако утинава било искасано од куче шарпланинец на неговиот сосед Љ.М. (37), информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

– Момечето било однесено во тетовската клиничка болница утрово околу 7 часот каде по укажаната помош било задржано за лекување. Веднаш по добиената пријава полициски екипи извршиле увид во Челопек и според првичните информации големиот шарпланинец наводно излегол од боксот, каде бил чуван и преминал во соседниот двор каде го нападнал момчето, го соборил на земја и почнал да го каса по глават и телото. Тоа го забележал неговиот чичко го успеал да го отргне момечето од кучето и потоа го однел во тетовската болница, изјави Јосифовски.

Полицијата, додаде тој, писмено го предупредиле сопственикот на шарпланинецот што го нападнал момчети и по утврдувањето на видот и карактерот на повредите ќе следува и соодветен поднесок.

Јосифовски го повтори апелот до сосптвениците на домашни меленици да се придржуваат до прписите што предвидуваат дека кучињата треба да бидат врзани со ремен и да имаат заштитна маска на устата.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец