Момче е повредено со нож од малолетник во близина на ТЦ „Мавровка“

Од:

Во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје денеска околу 13.30 часот, малолетник бил повреден со остар предмет од друг малолетник, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Повредениот малолетник бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Во Полициската станица Бит Пазар се врши разговор со осомничениот малолетник во присуство на родител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР.

Според информациите, станува збор за двајца малолетници од скопските села Буковиќ, односно Бојане.

– Денеска околу 13:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“, во близина на трговски центар Мавровка, малолетник од село Буковиќ, скопско, бил повреден со остар предмет од друг малолетник од село Бојане, скопско, стои во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Малолетник украл автомобил и бегајќи удрил во друго возило – приведен е

Малолетник е тешко повреден во сообраќајка во скопското село Мојанци

Истепан и ограбен малолетник во Аеродром

Во близина на Вршац, малолетник со секира уби 12 јагниња, момчето заврши на психијатрија

Горан Наумовски

Малолетник возел автомобил и излетал од патот, по што удрил во ѕид

А1он

Малолетник пукал со пиштол во Чаир, два куршума завршиле во стан