Мојсоска: ВРЕДИ и ДУИ соработуваат во три општини – „благодарност“ што Мицкоски ги остави Гостивар, Тетово и Струга без кандидати за градоначалници

Од:

Генералниот секретар на Левица – Јована Мојсоска која беше кандидат за градоначалник на општина Струга на овие избори на Фејсбук направи „резиме за колегијалноста во владината коалиција“.

„ВМРО-ДПМНЕ вади кандидат за градоначалник во Брвеница. ВРЕДИ исто така вади кандидат во Брвеница и во вториот круг се обединија со ДУИ против кандидатот на Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ вади кандидат за градоначалник за Кичево. ВРЕДИ вади свој кандидат за Кичево. За вториот круг, Касами јавно ја дава поддршката за ДУИ, додека кичевско ВРЕДИ срамежливо вели „по сопствено убедување да се гласа”. Соодветен реципроцитет на јавната поддршка од Мицкоски која ја добија кандидатите на ВРЕДИ, нели?“ пишува Мојсоска.

Таа вели дека „единствена општина каде ВРЕДИ не вади кандидат е Чашка. Таму свои кандидати имаат ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ. Со гласовите на ВРЕДИ и ДУИ, уште во прв круг победи кандидатот на ДУИ. Значит, ВРЕДИ и ДУИ отворено соработуваат во ТРИ ОПШТИНИ (Чашка, Брвеница и Кичево)“.

„Најверојатно, како „благодарност“ што Мицкоски ги остави Гостивар, Тетово и Струга без свои кандидати за градоначалници“ посочи Мојсоска.

Би можело да ве интересира

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски

Левицата: Радикално кратење на земјоделските субвенции

Горан Наумовски

Левица: Дафина Стојановска итно да си поднесе оставка – пратеничката функција е сосема спротивно од ова што таа го демонстрира

ВМРО-ДПМНЕ го одби предлогот на Левица за заштита од отказ на бремените работнички

Левица: Власта со нов закон го силува правото и ја продолжува легализацијата на дивоградби

Левица: Режимот на ДПМНЕ со демнење и следење демонстрира сила наместо да одговори како се преживува со 400 евра плата