Мојсоска: Власта изгуби, сега мора да ги обелодени патните трошоци и кириите на пратениците

Од:

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер ја уважи жалбата на пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, со која таа реагираше дека Собранието континуирано одбива да ги обелодени патните трошоци и надоместоците за кирија на пратениците.

„Иако пратеничката во изминатите пет месеци поднесуваше официјални пратенички барања до генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, одговор не беше доставен. Потоа, Мојсоска се обрати и како физичко лице со барање за пристап до јавни информации, но одговорот што го доби беше непотполен и паушален.

Агенцијата за заштита на правото до пристап јавни информации ја уважи мојата жалба дека Собранието ги крие патните трошоци и кириите на пратениците. Ова е таа вмровско -“скандинавска” транспарентност, каде пет месеци генералната секретарка на Собранието Марина Димовска не одговара на пратеничко барање. На мојот втор обид да добијам одговор како физичко лице (преку барање за пристап до јавни информации), Собранието ми врати само вкупен износ, наместо поединечно по пратеник!

Бујрумте скандинавци од власта, имате 15 дена да ги доставите трошоците на вашите галантни пратеници.

П.С. Народот ви даде референдумска поддршка за да направите некоја промена, а не за да се однесувате како исфрустрирано-неизживеани насилници кои сакаат само да демонстрираат моќ” – напиша Мојсоска на својот фејсбук профил.

Пратениците од Левица, поради ваквата опструкција на пратеничкото и граѓанското право, на секоја собраниска седница бараат пауза од еден час, со цел да го притиснат раководството на законодавниот дом да ги обелодени податоците.

Од партијата веќе подолго време алармираат дека постои сомнеж дека дел од пратениците, особено од редовите на владејачкото мнозинство, истовремено користеле и надоместоци за кирија и за патни трошоци – нешто што би претставувало класична злоупотреба на функцијата и на јавните средства.

Би можело да ве интересира

Левица: Вирусот од западнонилска треска не исчезнува затоа што ДПМНЕ престана да објавува неделни извештаи

А1он

ДПМНЕ ќе менува закон за да може Перински со диплома од фискултурно да управува со ФЗО, тврди Левица

A1on

(ВИДЕО) Јанков: Герасимовски бега од соочување со граѓаните и експертската јавност

(ВИДЕО) Станкоска: Орце Ѓорѓиевски против жртвите на семејно насилство вети дека ќе обезбеди субвенции за кирии, па ги исфрли од ребалансот

Горан Наумовски

Исмаил: Министерството за демографија крена раце од родилките – за доцнењето на надоместоците одговора со „не сме надлежни“

Мециновиќ: Демографијата не се спасува со „мамо роди ми братче“ – предлагаме закон за отпис на 20% од станбениот кредит по новороденче

Горан Наумовски