Мојсоска: Која е разликата помеѓу Капушевски и Пуцко Петрол?

Од:

Поради сомнителни набавки на деривати, беа приведени Ратко Капушевски и Асмир Јахоски по наредба на судија на претходна постапка. По направените разговори, Обвинителството за едниот обвинет побара притвор, додека за другиот домашен притвор. Пратеничката од редовите на Левица Јована Мојсоска, во објава на социјалните мрежи го постави прашањето зошто едно од барањата е преиначено иако станува збор за исти случај.

„Капушевски оди во притвор, Пуцко Петрол во куќен притвор. Која е разликата помеѓу Капушевски и Пуцко Петрол, што обвинителот го преиначи барањето за притвор во куќен притвор?“ – напиша Мојсоска на социјалните мрежи.

Имајќи ги во предвид претходните бегства на бизнисмени и политичари од државата во време кога против нив е отворен предмет за сторено кривично дело, како примерите за Васко Ковачевски (конкретно поврзано со овој случај) или Артан Груби, Мојсоска истакна дека не е логично, за ваков случај обвинителството да оценува дека не постои опасност од бегство.

„Откако избега Васко Ковачевски (кој директно е поврзан со набавката на мазут каде е замешан Пуцко Петрол), како обвинителот проценил дека нема опасност за бегство во случајот со Пуцко?! Во конкретниов случај, веќе има едно лице кое е недостапно за органите на прогонот, а сепак Обвинителство проценува дека нема опасност за бегство.“

На крај пратеничката истакна дека Ислам Абази, кадар на ДУИ кој важи за близок до Ахмети, раководи со ОЈО-ГОКК и ова го потенцираше како причина зошто барањата за притвор се селективни.

„Иначе со ОЈО-ГОКК, кое бара куќен притвор само за Пуцко, раководи куќниот пријател на Ахмети, Ислам Абази. Затоа од ДУИ функционер не смее да оди во притвор,“ -заклучи Мојсоска.

Би можело да ве интересира

Левица го засилува фронтот во изборна единица 1 – против бетонизација, загадување, узурпација на јавен простор

А1он

Левица: Официјалните извештаи потврдија дека Треска е мртва река, а институциите молчат – бараме кривична одговорност

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Левица: МВР на Тошковски се обиде да ги евидентира заканите на градоначалник кон советничка како поплака

А1он

Левица поднесува интерпелација за министерката за енергетика Сања Божиновска

Катерина Ѓуровски