Мојсоска: Ја срушија куќата на Малески, а една година „не можат” да ја рушат дивоградбата во струшката чаршија

Од:

„Струга денес изгуби еден од најзначајните културни објекти и симболи на антифашистичката борба, куќата на истакнатиот припадник на НОБ – големиот Владо Малески. Во овој историски објект, на 23 септември 1941 година, во присуство на членовите на покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, народниот херој Кузман Јосифовски – Питу одржа конститутивен состанок на Месниот комитет на КПЈ за Струга и Струшко“ напиша на Фејсбук кандидатот за градоначалник на општина Струга од редовите на Левица – Јована Мојсоска.

Таа вели „се руши куќата на Малески, додека ОЈО Струга една година не постапува по моите пријави за дивоградбата во самиот центар на струшката чаршија (и веќе се гради трет спрат). Струга е узурпирана од градежни мафијаши, алчни политиканти и заробени институции кои секој ден го убиваат културниот и антифашистичкиот дух на Струга“.

„За ваквото сквернавење на споменот на авторот на македонската химна, низа инстититуции ќе мора да дадат одговор кој и како дозволил рушење на овој објект – со имиња и презимиња за одговорност!“ порача Мојсоска.

Би можело да ве интересира

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

Левица: Предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите

Левица: Со Ристов на чело РКЕ ќе остане инструмент во рацете на бизнис – политичките структури

Почина Кирил Слезенковски – советник од Левица во општина Илинден

А1он

Апасиев и Мециновиќ ја посетија кубанската амбасада во Софија, изразија солидарност со народот на Куба

А1он