#МојаМакедонија – интернет публиката на нозе

Од:

Во овие неколку часа на социјална мрежа Facebook и Twitter се постираат голем број на фотографии за реалноста во која живее македонскиот граѓанин.

Под хаш тагот #МојаМакедонија интернет публиката постира слики за прислушкувањето во Македонија, лошата економска состојба и рекордната младинска невработеност, апсењата на политичките противници и новинари, случајот со смртта на Тамара и молкот на Тодоров и институциите.

Граѓаните се револтирани и ја потсетуваат власта и за убиството на Мартин Нешкоски, аферата “Македонска банка”, патните трошоци на Силвана Бонева, становите на владините функционери во зградата на ул.”Димитар Мирчев” бр.20.

Граѓаните реагираат на активноста на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ која под хаш тагот #МојаМакедонија ги форсира своите приврзаници да објавуваат фотографии, кои ќе ја сокријат девет годишната реалност и начинот на нивното владеење.

moja makedonija 11

moja makedonija 10

moja makedonija 9

moja makedonija 8

moja makedonija 7

moja makedonija 4

5

Би можело да ве интересира

Директорот ги „шпионира“ вработените во АХВ со камери, ги демне по цел ден во неговата канцеларија

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари