МОФ: Да запре ланецот насилство!

Од:
„Младински образовен форум (МОФ) го осудува убиството на младиот Ангел кое се случи во населбата Ѓорче Петров и сочувствува со неговото семејство, роднините и пријателите. Сметаме дека ваквиот чин на насилство не смее да се толерира и дека виновниците треба да бидат соодветно казнети низ судски процес.
 
Ја разбираме револтираноста кај младите и граѓаните, но инсистираме на разум, трезвено постапување и смирување на тензиите и насилството кои дополнително ескалираа низ улиците во Ѓорче Петров. Ги повикуваме младите да не ги перцепираат меѓуетничките разлики како причина за убиството и да не одговараат со насилство врз невини граѓани  и нивните имоти. 
 
Ланецот насилство мора да запре!
Затоа, ги повикуваме и полициските сили да се воздржат од насилство врз младите луѓе и да обезбедат мирен терен без брутално однесување, со цел да не внесуваат дополнителни тензии. Имајќи ги во предвид информациите од теренот, апелираме до МВР да не приведува случајни минувачи и млади кои на никаков начин не се поврзани ниту со убиството ниту со насилнсите улични протести.
 
МОФ апелира и за демократски однос кон новинарите и претстaвниците на медиумите. МВР не смее да го одзема правото на граѓаните да бидат информирани за тековните случувања. 
 
Конечно, последниот и најсилен апел е до носителите на одлуки во Република Македонија. Бараме итна реакција и повик за мир од страна на лидерите на сите политички партии, носителите на функции во институциите, Премиерот и Претседателот на државата. Молкот на институциите води кон разногласија и шпекулации меѓу јавноста, па затоа неопходна е нивна јасна и јавна реакција.
 
Македонија е земја на различности и затоа институциите треба да бараат системски решенија за интеграција, како замена за ланецот насилство кој деновиве репризно, по кој знае кој пат се повторува на улиците“, се вели во соопштението на МОФ.

Би можело да ве интересира

Цената на дипломите на Правен факултет покачена за 50 евра

Искра Манојлоска

Ниту една казна не може да ни го надомести синот, изјавија родителите на убиениот Ангел Петковски

Ана Ололовска

Тринаесет години затвор за обвинетиот во случајот со убиството на Ангел Петковски

Ана Ололовска

Судот го прифати предлогот на одбраната да има реконструкција на случајот Ангел Петковски

Ана Ололовска

МОФ бара итно информирање на учениците за матурските испити, и дополнителен термин за полагање

Ана Ололовска

Советодавен сервис за права на млади – платформа за младинско информирање

Ана Ололовска