Младите од ДОМ сметаат дека случајот со непуштањето на Ромите во Аква-паркот во Скопје поради припадност кон таа заедница е во спротивност со принципите за еднаквост и недискриминација, кои се темел на нашиот уставен поредок.
МОДОМ го осудува дискриминаторскиот и ксенофобичен однос на неколку индивидуалци кои ги погазиле тие принципи.
Македонија ја гледаме единствено како општество на рамноправни граѓани,еднакви во своите права и можности, како толерантно општество без дискриминација. Ромите се дел од тоа општество, наши сограѓани, пријатели, роднини и споделувачи на сонот за подобро утре.
МОДОМ повикува да ги отфрлиме предрасудите и да дишеме слободно!