Модернизација на депонијата Дрисла во Скопје

Од:

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и управителот на FCL Аmbiente со седиште во Рим Масимилијано Ферацоли денеска потпишаа Договор за заедничко вложување во ЈП депонија Дрисла – Скопје со цел за вршење концесиска дејност.

Трајановски објасни дека оваа постапка почнала во 2011 година, по претходно изготвена студија. На објавениот тендер во првата фаза се пријавиле шест компании, во втората фаза три, а Комисијата се одлучила за FCL Аmbiente кои понудиле најдобри услови на тендерот.

– Вкупната инвестиција на FCL Аmbiente е 73 милиони евра. Овие средства ќе бидат наменети за запечатување на сегашната депонија и изградба на ќелиски систем на запечатената депонија согласно европските стандарди. Изградба на фабрика за селекција на отпад и изработка на RDF (Refuse Derived Fuel) фракција, кое е енергетско гориво и понатаму може да се продава на пазарот, рече Трајановски.

Со договорот, како што рече, FCL Аmbiente се обврзани да изградат фабрика за спалување на отпадот од каде потоа може да се добијат топлинска и електрична енергија. Предвидена е фабрика за балирање на отпадот, фабрика за преработка на градежниот отпад, нова пречистителна станица за отпадните води, фабрика за преработка индустриски отпад, изградба на компостара за зелен отпад. Концесијата ќе биде дадена на 35 години. Периодот на реализација на оваа инвестиција е од четири до пет години.

– Во зависност од динамиката која ќе биде одобрена од страна на Град Скопје, дел од овие објекти ќе почнат годинава да се градат. Еден од првите објекти кои ќе се градат ќе биде фабриката за балирање на отпадот и за селекција на отпадот, рече Трајановски.

Тој изрази задоволство од потпишувањето на овој Договор.

– Ова е прв Договор во Република Македонија од оваа област. Некои од другите плански региони се во фаза на преговорање, како што е Југоисточниот. На овој начин Град Скопје ќе добие современ и по европски стандард начин на депонирање на отпадот, рече Трајановски.

Во идната компанија Град Скопје ќе има учество од 20 отсто и соодветно на тоа ќе добиваат 20 отсто од профитот.

Доменико Ферацоли, претседател на FCL Аmbiente изрази задоволство што учествува во процесот на модернизација на депонијата Дрисла во Скопје.

– Постројките што ќе бидат направени во Дрисла, не само што ќе бидат врз основа и почитувајќи ги сите последни директиви на ЕУ, туку ќе се носат со најмодерните веќе постоечки во Европа. Нашата мисија за Дрисла е да се трансформира депонијата во инудустриска постројка за повторно обновување на материјалите и добивање на дриги производи од нив и произвоство на електрична енергија. За таа цел имаме намера 70 отсто од ѓубрето да го искористуваме, рече Ферацоли и додаде оти овој проект со задоволство бил прифатен и од Светската банка и од Европската банка за обнова и развој.

FCL Аmbiente ќе го задржи истиот број на вработени, постоечкиот кадар, раководството и администрација во Дрисла, кои ќе бидат потпомогнати од меѓународниот менаџмент.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

Паднати дрвја, поплави и сообраќајни пречки на неколку локации во Скопје

Горан Наумовски

Скопје го зафати невреме проследено со пороен дожд, силен ветер и интензивна појава на град

Горан Наумовски

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Притвор за турски државјанин кој со капак од шахта тепаше сограѓанин во Скопје

А1он

Обвинителство: Ja убил партнерката пред петгодишно дете, па сакал да избега