МО ТХП: УМС Бутел на скандалозен начин отворено повикува на насилство

Од:

„Младинската Организација на Партијата за Движење на Турците во Македонија (МО ТХП) е згрозена и ужасната од повикот на УМС Бутел, која на скандалозен начин отворено повикува на насилство и произведува етничка и идеолошка нетрпеливост. Да се дистрибуираат плакати со пораката „Некаде со добро, некаде со нож“ и притоа да се повикува на Ќосето е крајно лудничав и загрижувачки чин.

Најостро го осудуваме ваквиот пристап кој нема да донесе ништо позитивно, туку само ќе насее омраза и агресија. Уште попоразително е тоа што ваквото однесување доаѓа токму од колегите од Унијата на Млади Сили, кои треба да ја претставуваат позитивната промена во нашето општество, млади кои претендираат во иднина да носат важни одлуки и да ја водат оваа држава.

Срамно и алармантно е тоа што и во 2017 година постојат млади мозоци кои поради задните намерни на одредени криминогени политичари се полнат со омраза, предрасуди и насилство. Апелираме до сите млади да се оградат од ваквото делување и што побрзо да се вклучат во процесите на промена, демократизација, декриминализација во нивната партија. Само на тој начин би го покажале својот патриотизам.

Крајно време е колегите од УМС да почнат да размислуваат современо, да се спасат од стегите на неукоста и да сфатат дека Р. Македонија е мултикултурна средина и токму тоа ни е најголем адут.

Ние, младите од турската етничка заедница и понатаму на сите полиња ќе се потрудиме да придонесеме позитивни вредности за нашата татковина. Се надеваме дека во блиска иднина ваквите грди слики нема повеќе да егзистираат меѓу младите луѓе“, се вели во соопштението на Младинска организација на партијата за движење на Турците (ТХП).

Би можело да ве интересира

ТХП: Законот за употреба на јазици да се имплементира според резултатите од пописот

Ана Ололовска

ТХП: Нема да соработуваме со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на С. Македонија

Ана Ололовска

Партијата за движење на Турците поддржува заеднички претседателски кандидат

Ана Ололовска

Формирана женска организација на ТХП

Ана Ололовска

Движењето на Турците со свој предлог за претседателски кандидат

Бошњаковски: Одговорот за барањето за разрешување на Аднан Ќахил треба да се бара кај политичките субјекти

Ана Ололовска