МНР заседава поради долгот на Македонија кон ОН

Од:

Во Министерство за надворешни работи во моментов во тек е состанок за новонастанатата ситуација со долгот кон ОН. На нашата земја ѝ е одземено правото на глас во Генералното собрание на Обединетите нации поради долг кој изнесува 24.606 американски долари, се вели во писмото кое е испратено на 12 јануари од генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.

На листата на држави кои го изгубиле гласот се наоѓаат Гренада, Киргистан, Гвинеја, Руанда, Сомалија и Јемен.

„Членка на Обединетите нации, која доцни во плаќањето на своите финансиските придонеси на организацијата, нема да има гласање на Генералното собрание ако износот на долгови е еднаков или поголем од износот на придонеси што се должи од него, за претходните две полни години. Генералното собрание, сепак, може да дозволи таква земја да гласа ако неуспехот да се плати е поради условите кои се надвор од контролата на земјата“, стои во писмото.

Правото на глас на наведените земји-членки ќе им биде вратено откако ќе ја намират целосната сума за членарината.

На ова реагираа од Либералната партија од каде велат дека „површноста на партизираната администрација и незаинтересираноста за надворешната политика на Владата на ВМРО-ДПМНЕ очигледно ја доживува својата кулминација“.

– Веруваме дека не мора да потсетуваме дека долгот мора веднаш да се плати. Една гипсана плоча помалку во барокното „Скопје 2014“ веќе ќе го намири долгот. Ако не, веруваме дека пратениците ќе се откажат од трошоците барем за едно службено патување годишно“, пишува во соопштението на Либералната партија.

Мета

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија