Како трагичен настан и без никакви други детали околу смртта. Вака Министерството за надворешни работи на Македонија го опиша случајот со Маја Јанеска позната како Маја Миа од Охрид, која беше пронајдена мртва во Јужна Африка. Од МНР не кажуваат како настанала смртта и дали ќе се инсистира на истрага околу смртта или случајот ќе биде затворен како самоубиство.
„По добиените информации за почината државјанка на Република Северна Македонија (М.Ј.) во Јужноафриканската Република, Министерството за надворешни работи преку надлежната Амбасадата во Каиро, стапи во контакт со надлежните органи на земјата, од каде добивме потврда за трагичниот настан. Нашите претставници се во постојана и непосредна комуникација со надлежните јужноафрикански власти како и со роднините на починатата, како во делот на утврдување на деталите така и околу организирањето транспорт на посмртните останки на починатата во земјава“, велат од МНР.
„А1он“ објави дека член на семејството на Јанеска посочи дека станува збор за несреќен случај. Тамошните медиуми, повкувајќи се изјавата од портпаролот на полицијата, информираа дека до мртвото тело на инфлуенсерката имало оружје.
Јанеска е пронајдена мртва во петокот. За нејзината смрт, јавно објави нејзиното момче. „А1он“ исконтактира и со Омари Нимобо, танзаниски изведувач кој прв ја објави веста за смртта на Јанеска и напиша „Почивај во мир, љубов моја“. Тој не одговори на нашите прашања како починала инфлуенсерката и дали постои сомнеж да стнаува збор за убиство.
Инаку, инфлуенсерката Јанеска е родум од Охрид. Таа Јужна Африка ја нарекуваше нејзин втор дом.