Охридската инфлуенсерка е најдена со прострелна рана во глава во Јужна Африка

Од:

Како самоубиство е пријавен случајот на охридската инфлуенсерка Маја Јанеска позната како „Маја Миа“ која живееше во Танзанија, а престојуваше во Јужна Африка каде е пронајдена мртва. Тамошните медиуми, повкувајќи се изјавата од портпаролот на полицијата, информираа дека до мртвото тело на инфлуенсерката имало оружје. „А1он“ контактираше со член на семејството на инфлуенсерката, но тие не сакаат да дадат коментар и велат дека станува збор за несреќен случај.

Од јужно-африканската полиција, даваат само кратки детали за случајот. Тие велат дека засега смртта нема да ја третираат како сомнителна.

„Полицијата добила повик за лице кое наводно се самоубило во имотот Басонија. По пристигнувањето на дадената адреса, полицијата пронашла жена во спалната соба со прострелна рана во главата. До неа имало огнено оружје. Жената била заверена почина од болничарите“, изјавил портпаролот на полицијата, потполковник Мавела Масондо.

„А1он“ исконтактира и со Омари Нимобо, танзаниски изведувач кој прв ја објави веста за смртта на Јанеска и напиша „Почивај во мир, љубов моја“. Тој не одговори на нашите прашања како починала инфлуенсерката и дали постои сомнеж да стнаува збор за убиство.

Порталот „24њуз“ повикувајќи се на изјави од роднини, посочува дека семејството е во шок.

„Маја лежи таму во некоја мртовечница и немаме поим што всушност се случува“, кажала роднината за порталот.

Од македонското Министерство за надворешни работи, не споделуваат информации за случајот, како и за тоа дали случајот за смртта на инфлуенсерката е целосно затворен во земјата каде е пронајдена.

Инаку, инфлуенсерката Јанеска е родум од Охрид. Таа Јужна Африка ја нарекуваше нејзин втор дом. Бизнисменот Сефер Цаноски, кој се прости од својата пријателка, посочи дека посмртните останки ќе бидат транспортирани во Македонија.

„Изразив сочувство до нејзината фамилија каде ме известија дека се слушнале со нејзиниот вереник од Јужна Африка за трагедијата која се случила и ветил дека заедно со авион ќе ги донесе посмртните останки да биде достоинствено погребана во својот Охрид“, напиша Цаноски.

Би можело да ве интересира

МНР за смртта на инфлуенсерката: Добивме потврда за трагичниот настан

Кристијан Ландов

МНР го организира транспортот на посмртните останки на починатата инфлуенсерка Маја Јанеска

Горан Наумовски

Инфлуенсерката Маја Миа од Охрид пронајдена мртва во Африка

Катерина Ѓуровски