МНР во контакт со македонските камионџии на ирачко-турската граница

Од:

Министерството за надворешни работи на Република Македонија преку Дипломатско-конзуларното претставништво во Анкара е во постојат контакт со надлежните институции во Турција, во врска со затворањето на ирачко-турската граница, што предизвика заглавување на голем број камиони на овој граничен премин, меѓу кои има и македонски државјани – возачи на камиони.

Од МНР информираат дека ДКП-Анкара е во контакт и со дел од возачите кои во моментов се наоѓаат на ирачко-турската граница.

– Нашите надлежни институции ги вложуваат сите напори за овозможување на непречен премин на македонските граѓани на ирачко-турската граница, велат од МНР во денешното соопштение.

Одлуката за затворање на овој граничен премин на Турција е од безбедносен карактер и се однесува на сите граѓани кои сакаат преку овој премин да влезат во Турција. Во моментов, граничниот премин е се уште затворен за сите граѓани.

За подетални информации поврзани со овој случај, заинтересираните можат да се обратите во ДКП на РМ во Анкара, Турција:
Адреса: Karaca sokak 24/5-6 Gaziosmanpasha,  Анкара
Телефон: ++ 903 12 439 92 04 и ++ 903 12 439 92 08
Факс: ++ 903 12 439 92 06
Е-пошта:[email protected]

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани