МНР со осуда на нападот врз новинарите во седиштето на Шарли Ебдо

Од:

Министерството за надворешни работи изрази жалење и осуда за терористичките акти во Париз кои доведоа до повеќе жртви, посочувајќи притоа дека нападот врз новинарите во седиштето на Шарли Ебдо претставува кукавички чин.

– Ваквите варварски акти кои имаат за цел да ја заплашат слободната мисла и вредностите на демократијата остро ги осудуваме. Македонскиот народ сочувствува со францускиот народ и семејствата на жртвите во овие тешки моменти, се вели во денешното соопштение од МНР.

Во него се додава дека министерот за надворешни работи Никола Попоски по повод овие настани упатил писмо со сочувство до својот француски колега, Лоран Фабиус.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија