МНР со оглас бара советник од областа наука за книжевност

Од:

Министерството за надворешни работи објави оглас за вработување на кој бара советник со плата од 32.000 денари. И се би било во ред, доколку не е наведено дека може да конкурираат тие со завршен висок степен на образование или најмалку 180 ЕКТС од областа наука за книжевност-англиски јазик.

Токму ова барање упатува на сомневањето дека повторно се вработува како до сега, со однапред договорени квалификации на кандидатите. Во огласот, иако стои наука за книжевноста – англиски јазик, подолу повторно се бара доказ за познавање на англиски јазик, што покажува дека кандидатот би можел да биде од било која наука, само со доказ за познавање на јазикот. На социјалните мрежи веќе се спомнува и името на кандидатот кој треба да се вработи.

СДСМ како опозиција секогаш зборуваше за партиското вработување на ВМРО-ДПМНЕ и велеа дека кога тие ќе бидат на власт овој начин на вработување ќе заврши.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија