А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МНР: Протестни ноти на амбасадорите на Албанија и на Косово

by А1он10/07/2014 - 18:40106
Share0

Во Министерството за надворешни работи денеска се повикани вонредните и ополномоштени амбасадори на Република Албанија и на Република Косово во Република Македонија и врачени им се протесни ноти во однос на некои официјални ставови и изјави од двете земји во врска со насилните протести по првостепената судска пресуда на доживотен затвор за шест лица прогласени виновни за кривично дело тероризам.

Добивај вести на вибер

Како што се вели во соопштението на МНР, на амбасадорите на овие две земји им беше укажано дека ставови и интерпретации со кои се доведува во прашање функционирањето на правната држава и постапувањето на судството како независна власт во Република Македонија, како и политички оценки од страна на високи политички претставници не придонесуваат кон негување на конструктивни, позитивни, пријателски и добрососедски односи.

– Вакви изјави може да се протолкуваат како мешање во внатрешните работи на Република Македонија и не се во правец на јакнење на взаемната доверба и добрососедство – принципи кои Република Македонија ги негува и за кои искрено се залага во билатералните односи со соседите, стои во сооптението.

На амбасадорот на Република Косово му е врачена и протесна нота со која најостро се осудува вандалскиот чин, палењето на македонското знаме пред македонската амбасада во Приштина, со кој, се вели, длабоко се навредува дигнитетот на Република Македонија. Воедно е искажано и очекување дека надлежните косовски органи најитно ќе преземат соодветни мерки за пронаоѓање и казнување на сторителите.

mnr

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски08/03/2026 - 08:4108/03/2026 - 08:41

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

Горан Наумовски05/03/2026 - 09:43

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:2704/03/2026 - 14:28

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 12:20

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

Горан Наумовски03/03/2026 - 11:38

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија

Горан Наумовски02/03/2026 - 12:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен