МНР: Поради најавен протест да се избегнуваат делови од Париз

Од:

Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги потсетува македонските граѓани кои планираат да патуваат во Париз дека на 8 декември е закажан протест и притоа предупредува да се избегнуваат одредени места во централното градско подрачје.

-Во тој период МНР препорачува да се избегнуваат местата во централното градско подрачје – плоштадите Конкорд и Бастиља, Триумфалната капија, Елисејската палата, Националното собрание…, пишува Министерството за надворешни работи во објавата на својата фејсбук страница.

Од МНР посочуваат дека граѓаните во итни случаи можат да ја контактираат амбасадата на РМ во Париз на телефонскиот број 0033680080890.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски