МНР одбележува 20 години дипломатски односи со повеќе земји

Од:

По повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи на Република Македонија со повеќе земји во светот Министерството за надворешни работи вечер ќе одржи свеченост во просториите на Македонскиот народен театар и Музејот на македонската борба за државност и самостојност.

На свеченоста која Министерството ја организира во соработка со амбасадите на земјите, ќе се оддржи свечена академија, при што обраќања ќе имааат министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски и амбасадорот на Швајцарската Конфедерација Стефано Лазарото.

Свеченоста ќе биде збогатена со концерт на Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец”, како и со коктел подготвен од земјите учеснички со презентација на нивните традиционални јадења, симболи и сувенири.

Во 1994 години Република Македонија воспостави дипломатски односи со Швајцарската Конфедерација, Кнежевството Лихтенштајн, Руската Федерација, Кралството Белгија, Јапонија, Чешката Република, Словачката Република, Киргиската Република, Социјалистичка Република Виетнам, Повеќенационалната Држава Боливија, Кралството Шпанија, Унгарија, Големото Војводство Луксембург, Арапската Република Египет, Португалската Република, Република Ирска, Светата Столица, Република Австрија и Република Узбекистан.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски