МНР: Намерното палење на влезот на „Иван Михајлов“ не е случајно извршено на денешен ден, најостра осуда

Од:

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најостро го осудува актот на намерно палење на влезот на здружението Иван Михајлов во Битола.

„Ваквиот вандалски напад е уште еден доказ дека има многу актери кои се против постигнувањето на напредок во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска иднина.

Ова кривично дело не случајно е извршено на денешен ден, кога двете држави ќе остварат дијалог во функција на надминување на отворените прашања на патот на евроинтеграцијата на Северна Македонија“, соопшти МНР.

Надлежните органи на државата прават напори за откривање на сторителот на овој вандалски чин, додаваат од МНР.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски