МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија

Од:

Согласно последните информации добиени од дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија, во моментов повеќе од 400 граѓани побарале информации во врска со можноста за евакуација, додека околу 30 од нив изразиле подготвеност да ја напуштат земјата во првата можна прилика, извести МНР.

„Со сите пријавени лица се одржува редовна и континуирана комуникација, при што се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација, во зависност од развојот на состојбата.

Паралелно, дипломатско-конзуларните претставништва ги преземаат сите неопходни мерки за подготовка и безбедна реализација на евакуацијата на граѓаните кои изразиле подготвеност за тоа. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е во постојана комуникација со пријателските земји и меѓународните партнери со цел координирано и успешно спроведување на постапката.

За граѓаните кои се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати и Државата Катар, согласно информациите и насоките од надлежните институции, во моментов не постојат безбедни услови за евакуација. За македонските државјани кои се наоѓаат во Израел, веќе активно се разгледуваат и координираат потенцијални алтернативи за нивно безбедно извлекување.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму останува целосно на располагање на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи, се вели во соопштението од МНР.

За дополнителни информации и помош, на располагање се:

СОС дежурен телефон (МНРНТ):
075/273-732

Амбасада на Република Северна Македонија во Доха
Тел: +974 50 173 111

Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби
Тел: +971 56 441 7532

Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив
Тел: +972 54 500 8566
Тел: +972 54 967 0546

Би можело да ве интересира

Трамп: Започнавме операција за деминирање во Ормутскиот теснец. Иран: Не помина нуту еден брод

Предраг Петровиќ

Напредок на преговорите во Исламабад, Иран ги обвини американските медиуми за поттикнување тероризам

Американски воени бродови поминаа низ Ормутскиот теснец. Иран: Повлечете се, имате 30 минути

Предраг Петровиќ

Ништо не е завршено: Иран има илјадници ракети и капацитет да го обнови својот арсенал

Американскиот и иранскиот тим пристигна во Исламабад, почнуваат преговорите

Предраг Петровиќ

Американски разузнавачи: Кина се подготвува да испорача оружје на Иран и покрај прекинот на огнот