МНР: Македонија очекува поддршка од Грција за препораката од ЕУ

Од:

Македонија очекува поддршка од Грција за донесување одлука од страна на Советот на ЕУ за почеток на пристапните преговори во јуни оваа година.

Ова било посочено од македонска страна на вторите консултации за прашања поврзани со евроинтегративниот процес одржани вчера во Скопје меѓу делегации на министерствата за надворешни работи на Македонија и на Грција.

„Во однос на процесот на пристапување во ЕУ, македонската страна пренесе очекување за поддршка од Грција за донесување на одлука од страна на Советот на ЕУ за почеток на пристапните преговори во јуни оваа година, што би било во согласност со иницијативата Агенда 2014 на грчкото Претседателство со ЕУ за ревитализирање на процесот на пристапување на земјите Балканот во ЕУ, соопшти македонското Министерство за надворешни работи (МНР).

Македонската делегација ја повторила стратешката определба за натамошно унапредување на добрососедските односи со Република Грција, потврдена и преку доставените иницијативи за зајакнување на меѓусебната соработка во повеќе области, како и за интензивирање на билатералниот политички дијалог и контакти на сите нивоа.

Во фокусот на разговорите, како што се наведува, биле теми поврзани со секторската соработка од аспект на процесот на европска интеграција. Била потврдена заемната заложба за реализирање на веќе договорените иницијативи за соработка меѓу министерствата за надворешни работи, како и оние за интензивирање на експертската соработка и дијалог во областа на транспортот и животната средина.

За време на состанокот, кој, се посочува во соопштението, поминал во конструктивна атмосфера, грчката страна информирала за подготовките и приоритетите на Грчкото претседавање со Советот на ЕУ во првата половина на 2014 година. Договорено е следниот состанок да се одржи во Атина до крајот на 2013 година.

Би можело да ве интересира

МНР: Погодена е и зградата каде се сместени шест амбасади, меѓу кои и на Македонија

Горан Наумовски

Фрчкоски до Муцунски: И од неискусен министер е сепак премногу наивно и манипулативно за јавноста

Горан Наумовски

МНР најави кадровски решенија за испразнетите амбасади и конзулати

Горан Наумовски

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ