МНР: Македонија бара динамизирање на разговорите за името

Од:

Македонија бара засилен ангажман на медијаторот Метју Нимиц и динамизирање на разговорите за името. Ова, како што соопшти МНР, му било пренесено на посредникот на ОН во спорот за името на денешните средби во Скопје со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и шефот на дипломатијата Никола Попоски.

Нимиц, стои во соопштението од МНР, бил детално запознат со македонската посветеност за отстранување на оваа препрека, која ги загрозува евро-атланските интеграциски текови во регионот на Југоисточна Европа. Во тој контекст, му беа презентирани бројните билатерални иницијативи покренати од македонска страна кои целат кон приближување на двете земји, многу од кои се истакнати во писмото упатено од Груевски до грчкиот премиер Андонис Самарас.

– Во разговорите, македонската страна ја реафирмира искрената заложба за наоѓање решение за разликата околу името и уште еднаш го потенцираше нашиот интерес за што поскорешно затворање на ова прашање, како и интерес за динамизирање на процесот, се вели во соопштението.

Исто така нагласена била потребата од преземање чекори кон возобновување на довербата меѓу Република Македонија и Република Грција. Во тој контекст, улогата на органите на Обединетите Нации беше оценета како исклучително корисна и охрабрена е заложбата на медијаторот за поинтензивна комуникација и посети на двете земји.

Медијаторот Нимиц на средбите со претседателот Иванов, со премиерот Груевски и со министерот за надворешни работи Попоски, им ги пренел видувањата за неговата посетата на Атина и искажаните заложби на грчката страна за посветеност на процесот, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија