Македонија ќе упати протестна нота на Грција за тортурата што ја прави врз македонските туристи. Македонското МНР бара веднаш да се прекине со националистичката реторика што кулминираше минатата недела на граничните премини Меџитлија и Богородица, објави Канал 5.
МНР бара од грчките власти веднаш да прекинат со навредите, заканите и речникот на омраза, што се исфрла врз македонскиот народ.
Во нотата се напоменува дека овие односи не одат во полза на добрососедските односи и не создаваат на клима за надминување на проблемите.
Реакцијата на МНР доаѓа само неколку дена откако приврзаниците на Златна зора на граничните премини паралелно со транспаренти ги пречекуваа македонските туристи, извикувајќи дека Македонија е грчка.
Од МНР информираат дека и понатаму ќе ги следат случувањата и ќе преземат соодветни мерки.