МНР ги повикува нашите граѓани да ги напуштат загрозените подрачја во Словенија

Од:

Поради големото невреме во Словенија, затворени се бројни патишта и автопатишта низ целата земја. Министерството за надворешни работи ги повика сите граѓани на Северна Македонија кои се наоѓаат во Словенија да ги напуштат загрозените подрачја, особено оние покрај реките.

– Ги повикуваме сите граѓани на Република Северна Македонија да ги напуштаат загрозените подрачја, особено подрачјата покрај реките. Исто така ги повикаме граѓаните кои планираат да патуваат во Словенија или транзитираат преку неа, да проверат кои патишта се слободни, се наведува во соопштението од МНР.

Воедно, од Министерството ги замолуваат нашите граѓани, доколку се наоѓаат во погодените региони и имаат потреба од евентуален помош да ја контактираат Амбасадата на Северна Македонија во Љубљана, на следните телефонски броеви: +386 1 421 00 21; +386 41 544 222 или на следната е-маил адреса [email protected].

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и до Министерството на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected]

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија