МНР: Две семејства со наши државјани од Одеса очекуваме да пристигнат во Бугарија

Од:

Министерството за надворешни работи информира дека денес, преку воспоставениот коридор обезбеден преку координација со Владата на Република Бугарија, две семејства со наши државјани од Одеса, Украина, веќе се дел од коридорот и очекуваме во текот на денот да пристигнат во Бугарија.

Од Министерството упатија апел до нашите граѓани кои се наоѓаат на територијата на Украина, доколку се во можност, да се упатат во Одеса, во просториите на Генералниот Конзулат на Република Бугарија, од каде сѐ уште има активни коридори за евакуација.

„Информираме дека сме во постојан контакт со Властите на Романија и Унгарија, од каде исто така е остварена соработка и овозможена асистенција за нашите државјани кои се наоѓаат во Украина. Граѓаните кои се во можност треба да се упатат во западниот дел на Украина, кон Конзулатите на Романија во Солотвино и Чернаути, како и кон конзулатите на Унгарија во Узгород, Берегове и Мукачево. Информираме дека на овие локации ќе им биде пружена дополнителна помош и асистенција во насока на нивна евакуација од Украина преку овие земји. Во постојан контакт сме и со Властите во Молдавија, од каде исто така имаме добиено потврда за вклучување на нашите државјани во евентуалните нивни коридори за евакуација“, соопшти МНР.

„Министерството за надворешни работи е во постојана комуникација со сите наши партнери, и се прават напори да се обезбедат и други безбедносни коридори/конвои. Во таа насока информираме дека е активиран и механизмот на ЕУ за цивилна заштита, и за евентуално новите воспоставени коридори МНР дополнително ќе информира.

Оние наши државјани кои сѐ уште не оставиле свои податоци, веднаш да го контактираат Министерството за надворешни работи, со цел достава на прецизни податоци и информации за нивната локација и состојба, со цел да се оствари можност да бидат дел од координацијата на процесот за евакуација.

Потсетуваме дека дежурниот телефонски број +389 75 273 732 е постојано активен“, се наведува во соопштението на МНР.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани