МНР чека прецизни информации за случајот со конзулот во Перу

Од:

Во овој момент не знаеме дали и што точно се случило, но во оној момент кога ќе добиеме прецизни информации сигурно дека ќе дејствуваме, одговори министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска на новинарско прашање дали ќе го повика во Скопје на разговор македонскиот почесен конзул во Перу, Дејан Атанасовски во врска со, како што објавија некои медиуми, инцидентот со припадник на полицијата.

Како што објавија медиумите во Перу, конзулот Атанасовски повеќе пати досега „недипломатски се однесувал“.

Атанасовски пред една недела дошол во конфликт со соседите во зградата каде што живее и каде е сместено конзуларното претставништво на Република Македонија. Полицијата интервенирала за расправијата, а Атанасовски, според информацијата на тамошните медиуми, нападнал полицаец.

Би можело да ве интересира

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија

Воздушниот простор над Израел затворен за цивилни летови, МНР и Амбасадата во Тел Авив апелираат до македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош

Предраг Петровиќ