МНР бара од амбасадорот Фуад Хасановиќ да ги врати парите шти ги проневерил

Од:

Министерството за надворешни работи бара од амбасадорот Фуад Хасановиќ да ги врати парите од буџетот на амбасадата во Доха, Катар, кои се ненаменски потрошени, откако констатирало неправилности и отстапување од добрите практики во оваа амбасада.

Како што соопшти МНР, Хасановиќ бил повикан во јуни и јули на консултации во врска со овие сомнежи.

„Согласно конечниот ревизорски извештај се констатираше неправилно управување со дел од ресурсите во амбасадата во Доха од страна на амбасадорот Хасановиќ и истиот е задолжен да го врати износот на средства во целост“, соопшти денеска МНР.

Како што вчера пренесе Канал 5 повикувајќи се на извори во државната ревизија станува збор за сума од околу 50.000 долари.

МНР ги констатирало неправилностите во рамки на системот за внатрешна контрола на работењето во дипломатско-конзуларните претставништва на РМ.

Во тек е правна постапка за нанесената штета во рамки на која се поднесува пријава до надлежните инстанци.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија