Многу топло и денеска и во следните денови

Од:

Времето денеска е сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Според најавите на УХМР, слично време ќе се задржи и во наредните денови – сончево, многу топло и со умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец.

Би можело да ве интересира

Сончев празничен ден со температури до 21 степен

Променливо облачно време со сончеви периоди за празниците

Сончево во мала облачност и темеператури до 20 степени

Темепратура до 25 степени денска, од утре повеќе облаци, во сабота повеќе дожд

Сончево и топло до 25 степени

Дожд денеска и утре, од недела потопло