Многу нејаснотии во измените на законот кој ги опфаќа хонорарците

Од:

Измените и дополнувањата на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување кој налага хонорарците да се избришат од списокот на невработени има многу нејаснотии.

Со најавените измени кои вчера во јавноста ги презентираше министерот за финансии Зоран Ставревски, од први јануари догодина за сите оние кои се со авторски договор или договор на дело мора да се плаќа пензиско и здравствено осигурување и со тоа ќе бидат тргнати од списокот на невработени.

Предлог измените доставени до Собранието пратениците ќе ги прочешлаат по скратена постапка.

Меѓу нејаснотиите во предложениот закон од владата е членот 16 став 2 во кој стои: „(2) Ако лицата од ставот (1), точка 16) од овој член остваруваат приходи од повеќе договори ќе станат обврзници за плаќање на придонес за задолжително здравствено осигурување кога збирниот нето износ на приходите по тие договори ќе го надмине износот на минималната плата утврдена со закон.“

Овој став кој се додава на законот е конртадикторен и нејасен зошто не објаснува кој е задолжен да ги плати надоместоците на државата доколку едно лице по основ на авторски договор зема хонорар од повеќе места, притоа надминувајќи ја збирната сума на минималната исплатена плата за 12 месеци. Нејасно е дали за примените хонорари на крајот од годината подмирувањето на пензиското и здравствено осигурување паѓа на терет на хонорарците што би било околу 40 отсто од заработените пари.

Освен ова во воздух виси и можноста за дополнителен ангажман. Нејасно е дали лице кое во редовен работен однос, за дополнителен хонорар по основ на авторски договор ја надмине минималната збирна сума за 12 месеци од по 8.800 денари одново во касата на ПИОМ и ФЗО ќе плати за истите давачки кои се подмирени од неговиот работодавач.

Иако Законот отвори многу дилеми во јавноста тој е доставен до Собранието и ќе помине по скратена постапка со објаснување од подносителот дека тоа е поради неговата сложеност. А1 постави прашања за нејаснотиите околу законот до Министерството за финансии но одговор од таму засега нема.

Ставревски измените на законот ги презентираше како алатка за борба против сивата економија, без детални и прецизни информации за неговото спроведување иако во објаснувањето доставено до Собранието бараат да се донесе по скратена постапка поради неговата сложеност.

Немањето прецизни одговори отвара нова можност но и несакани појави-работодавачите кои нема да можат на вработените да им плаќаат пензиско и здравствено, ќе им ги намалат хонорарите на работниците на загарантираната минимална плата од 8.800 денари за да ги избегнат дополннителените давачките кон државата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните