Младите од Куманово дебатираа за нивните проблеми во рамки на проектот „Избори се”

Од:

Во рамки на проектот „Избори се“, младите од Куманово, студенти и средношколци заедно со преставници на Советот на општина Куманово, локалната власт и претставници на политичките партии присуствуваа на локалниот младински форум кој е дел од активностите на Националниот младински совет на Македонија.

На форумот беа презентирани заклучоците од регионлната консултативна средба во Куманово, која се одржа во текот на декември 2016 година.

– Целта на локалниот младински форум е собирање на релевантните засегнати страни кои имаат влијание на локално ниво во донесувањето на одлуки, а се со цел промовирање и актуелизирање на младинските прашања, проблеми и приоритети. На денешната средба дополнително се разгледуваат решенија за проблемите на младите, за релевантните претставници на институциите да понудат решение за нив, изјави Александра Тасиќ локален координатор од Центарот за рурален развој Бујрум Куманово.

Младите од Куманово бараат организирање на повеќе културни и спортски манифестации, но и за оние кои веќе се реализираат бараат да бидат прашани.

Дискусијата и ангажирањето во поглед на младинските прашања, сметаат младите, се очекува да придонесе кон зголемен фокус на јавноста, институциите и целокупното граѓанство за потребата од сериозни и студиозни младински политики и да поттикне поголема комуникација и координација помеѓу носителите на одлуки на локално ниво и младите во Куманово.

Мартин Алексовски од Националниот Младински Совет на Македонија, рече дека вакви форуми се оддржуваат во поголемите градови од државите од осумте региони и дека претходно младите во декември ги истакнале нивните потреби и проблеми.

– Младите во Македонија бараат поголеми инвестиции во образовната, културната, спортската инфраструктура, бараат поголема соработка со институциите, инвестции во училишта и поголема поддршка за врабтување, изјави Алексовски.

Локалниот младински форум е дел од активностите кои Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), а се поддржани од канцеларијата на Национален демократски институт (НДИ) во Скопје.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски