Младински локален клуб во Кичево – Младите кон отвореното општество

Од:

Младинскиот локален клуб, кој функционира во Центарот за развој на заедницата во Кичево, како дел од проектот Младите кон отвореното општество, реализираат голем број проекти за вклучување на младите преку различни иницијативи за да се зголеми меѓуетничката соработка.

Овие проекти се имплементирани од Младинскиот образовен форум од Скопје и се финансирани од Фондацијата Отворено општество и УСАИД–Проектот за граѓанско општество.

kkk (3)

„Активностите со кои сме се занимале ние како клуб се многу. Сме имале локални младински иницијативи, циклуси за обучување, локални трибини за проблемите на младите, дебати, различни работилници, летни академии и состаноци на кои се дискутира за проблемите со кои се соочуваат младите во нашето општество. Клубот има вкупно дваесет членови што им припаѓаат на различни нации и јас слободно можам да кажам дека сме пример за група каде што има добра меѓуетничка соработка“ , рече Арбен Ристеми, координатор на Младинскиот локален клуб – Кичево.

Во рамките на овој клуб функционира и дебатната група, која се занимава со тренинзи за дебати за средношколци, локални младински дебати, како и присуство и учество на националните дебати.

Fatlume Dervishi

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски

Кичевец е осомничен за убиство

Горан Наумовски