Младинска мобилна конференција „Bike & Learn“

Од:

„Споделување автомобил во Скопје – фикција или реалност?“ беше темата на воведната дискусија од младинската мобилна конференција „Bike & Learn” која денеска почна во Салата на Советот на Град Скопје, а продолжи на други локации низ градот, како дел од активностите во шестиот ден од Европската недела на мобилност 2017.

Учесниците во конференцијата „Bike & Learn” со велосипед патуваа од локација на локација и учеа за одржливиот транспорт и заштитата на животната средина. Дискусиите продолжија во канцеларијата на НВО Гоу Грин на темата „Велосипеди за сите – што се случи со системот за споделување велосипеди во Скопје?“; кај City Tree, на темата урбани решенија за климатските промени и во ЕУ Инфоцентарот на темата „Вело-култура во македонските компании“ (Netcetera и Bikecomputer.co, македонска мобилна апликација за велосипедисти).

Кај фонтаната „Лотосов цвет“ во Градскиот парк, пак, деца од градинките во Скопје и од околината учествуваа во игри и вежби со велосипед, тротинет и ролери, под мотото „Движи се за здравје“. Овој настан беше организиран од Детскиот културен центар „Карпош“ заедно со Град Скопје. Учениците што користат јавен превоз и денеска имаа можност да се фотографираат со своите херои Спајдермен и Бетмен. Камионот училница беше поставен во дворот на СУГС „Кочо Рацин“ во Ѓорче Петров, а средношколците се едуцираа за придобивките од користењето одржлив транспорт и ефектите врз природата, климатските промени и СО2 емисиите.

Герила акцијата со едукативни пораки за одржлив транспорт денеска ќе се реализира на раскрсницата на булеварот Кочо Рацин со улицата 11 Октомври.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски