Младеновски самостојно во Центар, за СДСМ тој е купен од власта

Од:

 

Михаил Младеновски јавно му се спротивстави на лидерот Црвенковски и побара негова смена и реформи во партијата.

Вели дека од СДСМ не може да биде исклучен бидејќи тоа не е работно место, туку идеолошка припадност. Најавува дека ќе му се придружат поголем број од партиските членови на опозицијата.

Во Центар ќе ислегол со независна листа, а тоа го најавува и во десетина други општини, и нема да колаицира со ниту една друга партија.

За СДС М ова Младеновски го прави по нарачка.

„Очигледно, во подолг временски период  Груевски и врхушката на ВМРО ДПМНЕ прават се на чело на СДСМ да дојде раководство по нивна мерка, како што тоа го направија и овој пат, и при тоа не им пречи да злоупотребуваат и пари и институции да ја постигнат оваа цел.Господине Груевски, во СДСМ ова нема да ви помине. Поединствени сме од било кога и цврсто решени да ве поразиме и вас и вашиот режим.Изгубените души со членска книшка на СДСМ, од кои некои ги уценувате со пари, а некои со кривични пријави и недозавршени судски процеси нема да ви помогнат. На таквите единствено можете да им заблагодарите што поради нивните карактери ви овозможија да дојдете и толку долго да останете на власт“, рече Андреј Петров.

СДСМ, рече,  е подготвен за битка со вас и вашиот режим, а секој член на СДСМ му е јасно или си СДСМ, или не си СДСМ.

„Отворени сме за соработка со секој во битката против вашиот режим, но во исто време ви благодариме што не ослободувате од теретот на вакви купени или уценети поединци“, рече Петров.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација