Младеновски: Крива Паланка нема да биде крај на светот

Од:

„Крива Паланка нема веќе да биде крај на светот“, вети кандидатот на СДСМ Горан Младеновски, кој трга во битка за освојување на градоначалничката функција и како што вели да ја врати Крива Паланка на граѓаните.

Крива Паланка, изјави, под раководство на досегашниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ е оставена без никакви интервенции во инфраструктурата веќе подолго време.

Потсети дека во времето на владеењето на СДСМ тука беше доведен гасоводот, а сега не е мрднато од мртва точка.

Тој пред вечерашниот митинг на СДСМ, уште еднаш ги повтори интервенциите на социјалдемократите во овој дел од земјата.

„Ние ќе продолжиме таму каде што застанавме. Ќе го доградиме тоа што сме го започнале, но, ќе инвестираме и во нови објекти во нови проекти. Јас ќе се заложам сите нерешени комунални прашања и ќе ја направам Паланка место кое нема да биде само дел од патот кој минува кон соседна Бугарија, туку место каде што ќе мора да се застане, да се посети“, рече Младеновски.

Тој ги повика граѓаните да го кренат гласот за подобра иднина и да дојдат на вечерашниот протестно-промотивен митинг.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО