Младеновски: Кренете глас за европска Крива Паланка

Од:

„Тука сме и многу сме, затоа што мораме да го кренеме гласот за иднината. Во Крива Паланка живеат еснафи, но има многу кои живеат во страв , со наведнати глави. Се повеќе луѓе бараат промени и враќање на достоинството. Токму затоа се роди мојата желба да бидам кандидат на идните локални избори“, рече вечерва кандидатот на СДСМ за градоначалник на Крива Паланка, Горан Младеновски.

Многу млади, рече, од мака го напуштаат нашиот град. Мораме да смениме нешто , а тоа, вети, ќе го направиме со тим со визија.

„Да направиме Крива Паланка да биде место во кое нормално ќе се живее, да биде европска општина со која ќе се гордееме. Немаме време и комоција. Треба нов дух и нова култура. СДСМ и опозицијата ќе понудат победничка листа на советници. Администрацијата ќе биде од стручни и квалитетни кадри. Заедно ќе ја утврдиме програмата и проектите“, вети Младеновски.

Врвен приоритет, рече ќе биде гасификацијата , привлекување инвестиции, развој на малиот бизнис, селскиот туризам, нови патишта и паркови и зеленила.

„Бидете дел од победата на нашиот град“, ги повика Младеновски сограѓаните да го дадат гласот за СДСМ и здружената опозиција.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО