Млад силувач фатен на дело при обид да обљуби 38-годишна жена

Од:

Полицајци вчера во скопската населба Кисела Вода го лишиле од слобода А.М.(20) од Скопје, затоа што на улицата „Петар Делјан“ бил затекнат при обид за обљуба врз 38-годишна жена.

Како што информира МВР, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Струмица,пак, поднесе кривична пријава против В.Ѓ.(28) од струмичкото село Баница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „подведување и овозможување полови дејствија“ и против С.Т.(24) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „подведување и овозможување полови дејствија“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

Спорд МВР, В.Ѓ. во текот на летото 2019 година добил понуда од С.Т. да му овозможи средба со малолетничка во напуштен локал во трговски центар, каде што В.Ѓ. извршил обљуба над оштетената, а С.Т. со мобилен телефон го снимал настанот.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар