На интернет страницата на Меѓународната кризна група (МКГ), денеска е објавен текст за политичката ситуација во државава со наслов „Македонија, демонтирање на бомбите“.
„Македонија се опоравува од два шока. Поради скандалот со прислушувањето во кој протекоа информации што открија дека државниот апарат е заробен и оштетен од страна на владејачкаа партија, и вториот шок – инцидентот во етнички мешаното Куманово меѓу полицијата и голем број вооружени етнички Албанци од Косово, инцидент кој предизвика најмасовно губење животи во регионот, во последнава деценија.
Ако ургентно не се решава двојната криза (легитимитет на владата / регионалната безбедност) таа носи ризик да се прошири во насилни судири, а во најлош случај да добие елементи на конфликтот од 2001 година.
Дискредитираните национални институции не можат да се справат сами со кризата.
Опозицијата ги прекина разговорите кои се водеа со посредство на Европската унија (ЕУ) за договор меѓу партиите за реформи и предвремени избори,. Тие се во ќор-сокак, најмногу околу тоа дали премиерот, кој е на власт од 2006 година, мора да поднесе оставка, за да во време на привремената влада, се создадат услови за рамноправен натпревар.
ЕУ мора да изврши притисок за сеопфатен договор за решавање на државната контрола и наводна корупција, вклучувајќи и независна истрага и мониторинг со меѓународна помош. Македонија и Косово, исто така, со помош, треба заеднички да го испитаат инцидентот во Куманово.
Во февруари 2015 година, главната опозициска партија започна со објавување извадоци, од она што го нарече, нелегална програма на прислушување, кои протекоа од страна на непознати лица.
Масовниот надзор, кој датира најмалку од 2010-2014 година, се чини дека се фокусирал на илјадници луѓе, вклучувајќи ги и речиси сите врвни личности од опозицијата и владини претставници, како и амбасадори и медиумски личности. Дел на објавените снимки се фокусираат на разговори на високи владини функционери кои планирале манипулации со изборите, манипулирање со судовите, контрола на номинално независниот печат и казнување на непријателите.
Многу од луѓето кои треба да бидат одговорни за справување со очигледните незаконитости и самите се вмешани“, пишува во извештајот на Меѓународната кризна група.
Сред оваа криза, полициската рација во Куманово, на 9 мај најде добро вооружени групи на етнички Албанци, вклучувајќи ги и поранешните борци на Ослободителната војска на Косово. Борбите замреа следниот ден, мултиетничка населба беше уништена, осум полицајци беа мртви и 37 повредени; четиринаесет вооружени лица беа убиени, а околу 30 се притворени. Македонските и косовските официјални лица имале претходни сознанија за барем некои од активностите на групата, но е многу загрижувачки што тие остануваат нејасни, вклучувајќи ги и плановите на групата во Македонија, можните сојузници од двете страни на границата и многу детали од полициската операција, се вели во текстот за ситуацијата во Македонија.
Понатаму се потенцира дека Македонија претендираше да се развие во современа, транспарентна држава со интегрирани етнички албански заеници, но тој напредок престанал и дури тргнал во спротивен правец во времето на грчкото вето во 2008 година, кога на Македонија и’ беа затворени изгледите за интеграција во ЕУ и НАТО на неодредено време.
„Снимките од прислушуваните разговори покажуваат дека владејачките партии ги изградиле својата моќ и привилегии преку корупција и криминал, а исто така драматично е компромитиран албанскиот партнер во владејачката коалиција.
Премиерот Никола Груевски, негираша дека сторил нешто лошо, лидерот на опозицијата, Зоран Заев, се’ повеќе игра високо ризичен покер во разговорите спонзорирани од ЕУ, додека десетици илјади активисти кои одржаа протестни политички собири во центарот на Скопје во текот на мај бараат да остане надвор од владата и парламентот.
Европската унија која има директен удел во заканата за регионалната стабилност и одговорност да и’ помогне на земја на која и’ е доделен статус за членство, треба да ги удвои напорите да ги убеди македонските лидери да ја вратат довербата во владата со постигнување меѓупартиски договор со кој се обврзува да:
преку воспоставување на нормални парламентарни процедури на привремената влада со соодветно членство од сите главни партии, чија главна задача треба да биде да ги спроведе реформите потребни за веродостојни избори во април 2016 (две години порано), особено оние поврзани со избирачките списоци, рамноправен пристап во медиумите и злоупотреба на државните институции за партиски цели;
донесување на закон во парламентот со кој ќе се воспостават две независни комисии (“А” и “Б”), и со овластување да бараат и да добијат активна стручна помош од ЕУ, САД и други. Мандатот на “А” треба да биде да помогне и ги следи напорите на преодна влада во однос на подготовка на веродостојни предвремени избори; Мандатот на “Б” треба да биде да се справи со прислушувањето, вклучувајќи истрага за криминал и корупција што се појавуваат;прифаќајќи дека преодната влада ќе остане на функцијата и предвремените избори нема да се одржат доколку Комисијата “А” не утврди дека се исполнети критериумите, а примената е доволно напредна; и работи на подобрување на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор преку обезбедување на правична застапеност на етничките Албанци на сите нивоа на јавни функции; добар дел од владините инвестиции во етнички албанските области; и почитување на јазичната еднаквост.
Меѓупартискиот договор треба да ги обврзе македонските лидери уште повеќе да се посветат на:
Барање заедничка истрага на Македонија и Косово за инцидентот во Куманово, со експертска помош од агенциите на ЕУ и САД, со цел да се подобри безбедносната ситуација и да се спречат идни напади; и
подобрување на билатералните односи со Косово, на пример преку одржување редовни владини средби и соработка за мониторинг на границата.“, стои во извештајот на Меѓународната кризна група.