Мизрахи: Ако владата имала информација дека случајот Пендиков е заради долг и наркотици, кога ќе побара оставка од Османи кој во Софија кажуваше друго

Од:

„Ја ставивте Македонија во неубава ситуација да се ревидира антифаштичкото минато, баш од оние кои биле на спротивната страна. Тоа стигна до степен за гребење на натписите „бугарски фашистички окупатор“ на споменици, да не се споменуваат над 20.000 македонски жртви, да не се споменуваат партизаните и ескалираше да министерството за култура и образование функционираат како подружници на бугарските“, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи на денешната собраниска седница.

Мизрахи запраша дали и имплементирањето на законот за здруженија и фондации кој требаше да одговори на прашања на фашистички имиња и нивни соработници е попречуван заради бугарската декларација.

Потоа таа го потсети Ковачевски дека уште во октомври се фалеше со отворање на македонски клуб во Благоевград и дека ќе ја покани неа на отворањето, но кога се отвори таков клуб, Ковачевски не појде таму, а клубот веднаш беше затворен.

– Во Бугарија не може да има македонско малцинство, а вие не застанавте да го одбраните тоа македонско малцинство. Па повторно да прашам за пресудите на Европскиот суд за човекови права кога ќе застанете на страна на Македонците во Бугарија и кога конечно ќе ме поканите на отворање на македонски клуб во Бугарија, рече Мизрахи.

Мизрахи исто така посочи дека во врска со случајот на Пендиков, за МВР тоа е случај за криминал поврзан со наркотични средства, а Османи на своја рака отиде во Бугарија и рече дека за него важно е што велел Пендиков.

– Оттука, Ковачевски, дали ќе побарате смена на министерот Османи кој на своја рака тврдеше дека Пендиков бил нападнат заради етничка одмазда додека вие и владата сте имале информации дека било поради должничко доверителски односи и наркотици, рече Мизрахи.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски