Митровски вети вештачка трева на игралиштето „Млaди Лавови“

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Сокол Митровски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Лазар Поповски денеска го посетија игралиштето „Млади Лавови“, кое е опфатено со проектот на ФИФА и УЕФА за покривање со вештачка трева.

Митровски изјави дека и во иднина ќе продолжи соработката со Агенцијата за млади и спорт, бидејќи како што рече, со вложувањето во спортот сме на вистински пат да создадеме здрави генерации.

– На игралиштето „Млади лавови“ вештачката трева ќе се постави веднаш по изборите. На ова место, тренираат неколку групи од различни возрасти. Исто така, нашата сорaботка со Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи и понатаму и тоа со доизградба на мултифункционално игралиште во населбата Даме Груев. Ова игралиште во Даме Груев е изолирано од населеното место со цел на луѓето кои живеат во близина да не им пречат спортските активности кои ќе се случуваат во него, рече Митровски.

Директорот на АМС, Поповски додаде дека освен игралиштето во Ѓорче Петров, со вештачка трева ќе бидат обложени уште 11 игралишта.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија