Митровски присуствуваше на еколошката акција „За чисто и зелено Ѓорче“

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров од коалицијата „За подобра Македонија“ Сокол Митровски во рамки на еколошката акција „За чисто и зелено Ѓорче“ што почна денеска во општината, најави низа активности за подобрување на животната средина.

Целта на акцијата, како што рече, е Ѓорче Петров да стане поубаво место за живеење, со нови садници и чисти јавни зелени површини.

– Во мојата програма, предвидени се повеќе проекти за оваа цел, зголемување на бројот на садниците на територијата на општина Ѓорче Петров, проектот „Нула толеранција за дивите депонии“, чистење и одржување на коритата на реките Вардар и Лепенец на деловите кои спаѓаат во нашата општина, одржување на дворовите во основните училишта и градинките, проектот за формирање тим за волонтери за одржување на животната средина, селектирање на отпадот, доизградбата на градскиот парк, изјави Митровски.

Тој додаде дека се планира и реализација на проекти за разубавување на училишнииот простор и изградба на три нови паркови во Дексион, Даме Груев и Хром.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември