Митровски: Еднократни стипендии за најдобрите 100 спортисти во Ѓорче Петров

Од:

Кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров Сокол Митровски денеска  вети еднократна стипендија од по 6.000 денари на 100. најдобри спортисти во општината.

– Инвестицијата во младите е инвестиција во иднината. Затоа со цел да ги поттикнеме, да ги насочиме кон вистинскиот пат, кон самоусовршување, кон наука, кон спорт,  Општина Ѓорче Петров на најдобрите 100 спортисти, ученици и студенти еднократно ќе им додели по 6.000 денари стипендија, изјави Митровски.

Стипендијата, посочи, ќе се доделува еднаш годишно и ќе биде стимул за младите во Општина Ѓорче Петров да бидат уште поуспешни.

– Имаме видни спортисти кои го обелија образот на општината. Можеме да се пофалиме со врвни имиња во спортот, па и со олимписки медаљи. Ова е поддршка за нашите деца,  појасни Митровски

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември