Митревски продолжува со физички пресметки: Живко Даневски заврши во болница

Од:

Претседателот на АГРО синдикатот Живко Даневски и советникот Лазе Ѓорѓиески попладнево биле физички нападнати во ресторанот Национал од страна на екс претседателот на ССМ, Живко Митровски и две лица кои биле со него, по што Даневски завршил во болница.

Информацијата за А1он ја потврди Пеце Грујовски од УПОЗ, кој вели дека Митровски бил со двајца рекетари во истиот ресторан, а кога се разминувале, двајцата го нападнале Даневски, го туркале и му се заканувале.

– Отидовме во болница веднаш со Живко Даневски, каде му се констатирани повредите. Тоа е секојдневна работа на Живко Митровски, тој цело време откако застана на чело на ССМ следни некој. Случајот е пријавен, а дека исказот е точен потврдија и две вработени од ресторанот, објаснува за А1он Грујовски.

Ова е втор напад на синдикалците за кои е обвинет екс претседателот на ССМ, Живко Митровски. Претходно, на влезот во зградата на ССМ беше нападнат и в.д. претседателот на Сојузот на синдикатите, Дарко Димовски, по што заврши на трауматологија.

Синдикалците во понеделникот протестираа против Митровски, заради насилничкото однесување и за како што велат, окупацијата на ССМ од негова страна.

Би можело да ве интересира

Минималната потрошувачка кошница се приближува до 70 илјади денари

Триангл: Да се почитуваат договорите за зголемување на платата и колективните договори, а законите да се спроведуваат

Трендафилов: Време е работниците да излезат на улица, колку ќе не слушнат зависи од бројноста

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради протестот на Синдикатите

ССМ повикува на масовен протест на 14 март: Платите мора да се зголемат

Горан Наумовски

ССМ најави протест на 14 март: Една третина од работниците со плата под 30.000 денари