Митрески: ВМРО-ДПМНЕ сака уставна криза, тоа СДСМ нема да го дозволи

Од:

Во Комисијата за избори и именувања се води дискусија и се гласа за секој предлог посебно без разлика дали е за Уставен суд или некое друго тело, претседателката на Комисијата го извести претседателот на Собранието дека за двајца од предложените и со мнозинство е изгласано дека тие треба да продолжат во понатамошна постапка, порача координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во одговор на новинарско прашања.

Митрески истакна дека со блокадата на изборот за уставни судии, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сакаат да предизвикаат уставна криза, но и дека СДСМ и парламентарното мнозинство тоа нема да го дозволат.

„Ако е целта на опозицијата да го блокира изборот на уставни судии и да ја доведе државата во уставна криза, бидејќи во ноември истекува мандатот и на петтиот уставен судија, ние тоа нема да го дозволиме. И ова сето што го правиме е во склоп на процедурата но и спречуваме да се предизвика уставна криза“, порача Митрески, додавајќи дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со месеци намерно го одолговлекуваат изборот на уставните судии.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ